Skip to content Skip to footer

Терапевтски пирсинг

Дали често имате ГЛАВОБОЛКИСедите во темно, ви пречат светлина, мирисиСекогаш имате некој аналгетик при рака за не дај боже”? Не можете да ја поднесете постојаната промена на времетоСе чувствувате уморно, без енергија

Ви зујат ушите, се будите често навечер и тешко заспивате? Имате постојан стрес и ви се качува притисокотЦело време сте на диета, а не можете да симнете ни грам?

Имате променливо расположение бидејќи сте во пери/менопауза? Често имате лоши мисли, грутка во грло, нервозен желудник, не сакате да се движите во гужва

Имате алергии на полен, прашина и на се друго што ќе помислите и не можете да дишете?

 

Ако се пронајдете во барем едно време е да го пробате нашиот ТЕРАПЕВТСКИ ПИРСИНГ!

ЗАКАЖИ ТЕРМИН ОНЛАЈН

Терапевтски пирсинзи се пирсинзи кои имаат потенцијално позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата. Теоријата потекнува од акупунктурата и аурикулотерапијата, кои велат дека на увото има точки што се поврзани со различни органи и функции во телото. Пирсовите се поставуваат на одредени точки на ушите што одговараат на акупресурни точки и со нивна стимулација може да се постигне олеснување на некои симптоми или нарушувања како што се мигрена, анксиозност, тинитус, вкочанетост во вратот, депресија, хормонски дисбаланс, алергии, висок притисок, … Се работи за алтернативна терапија.

Како изгледа целиот процес на пирсањето?

По закажување на термин, кога ќе не посетите најпрвин правиме еден тип на контрола. Тоа е блага масажа слична на акупресура на ушите, за да ги видиме реакциите на телото. По направената контрола го утврдувате точното место каде ќе се направи пирсингот заедно со пирсерот. Пирсањето трае 5-10 минути. Веднаш по пирсањето ќе се чувствувате релаксирано, опуштено и со намалена главоболка. На крај се даваат упатства за нега и хигиена на местото и се потсетува клиентот за контрола по 1 месец. За целиот процес ќе ни требаат не повеќе од 30 минути.

👉ПРОНАЈДИ СЛОБОДЕН ТЕРМИН ВО НАШИОТ КАЛЕНДАР

 ПИРС ПРОТИВ МИГРЕНА/ГЛАВОБОЛКИ, ВРТОГЛАВИЦИ ПОВРЗНИ СО ПРОМЕНА НА ВРЕМЕ, СТРЕС, МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС, ХОРМОНАЛЕН ДИСБАЛАНС.

При поставување на даith пирсингот, се стимулираат нервни завршетоци и се смета дека тоа може да има сличен ефект како трајна акупунктура.

Особено се поврзува со vagus нервот, кој игра улога во регулирање на стресот, циркулацијата и болката. При постојан притисок на точни точки во телото се лачат  хормони ЕНДОРФИН  убиец на болка и СЕРОТОНИН кој е стабилизатор на расположението природно му помагаат на телото да се намали главоболка и да се чувствувате полесно и посмирено.

Затоа некои луѓе по поставување на овој пирсинг пријавуваат намалена фреквенција на мигрени, помалку тензија и подобар баланс на нервниот систем.

Како што споменавме најчесто мигрена пирсинг се прави на точката “daith”. Сепак точното место го одредува пирсерот по направената контрола. Доколку главоболките се многу чести можеби е потребно да се стават 2 пирса за подобар ефект.

 

👉ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН И РЕШЕТЕ СЕ ОД МИГРЕНА!


ПИРС ЗА АНКСИОЗНОСТ ИЛИ КАКО АНТИСТРЕС ТЕРАПИЈА/ПИРС ЗА НЕСОНИЦА

Постојат точки на увото кои со секојдневна стимулација и притисок придонесуваат да се чувствувате опуштено, релаксирано и полесно да се соочувате со стресот. Влијаат на нервниот систем и го опуштаат што е многу важно за сите вас што се чувствувате стегнато, вкочането, згрчено од стес.

Многу наши клиенти ни потврдија дека поинаку се соочуваат со стресот, не ги доживуваат секојдневните проблеми и препреки , имаат подобрен сон, немаат повеќе висок крвен притисок и се чувствуваат многу релаксирано. Вообичаени точки се шен мен или трагус. Сепак точното место го одредува професионалниот пирсер.


ПИРС ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗУЕЊЕ ВО УШИ ИЛИ ТИНИТУС

Тинитусот (зуење и пискање на ушите) не е болест туку симптом што може да настане од многу различни причини. Една од причините е од стрес или анксиозност. Кога сте под силен стрес телото лачи кортизол , мускулите се стегаат (особено околу, врат, вилица и глава), крвниот притисок се менува, мозокот станува поосетлив на внатрешни звуци. Ако слушате висок тон, тенка пискавост и сте приметиле да се зголемува при замор, стрес, тогаш пирсот за тинитус ќе делува да се намали зуењето, а во многу случаи и целосно да исчезне. Пирсот не може да помогне во случај каде има настанато оштетување на слухот, инфекција или воспаление или пролеми со коскичките во увото.


ПИРС ЗА НАМАЛУВАЊЕ АПЕТИТ

Дали знаете дека не секогаш кога чувствувате глад, вашето тело бара храна? Тоа е стресот што зборува! Постојат 2 типа на глад: емоционална и вистинска глад. Кај вистинската глад телото има физиолошка потреба од енергија и хранливи материи. Кај емоционалната глад телото реално нема потреба од храна, желбата за јадење се активира од стрес, тага, вознемиреност или пак досада. Кога сме под стрес телото лачи повеќе кортизол, овој хормон ја зголемува потребата за масти и шеќери бидејќи тоа е најбрз извор на енергија. Со стимулација на точните точки на увото преку поставување на пирс може да се регулира апетитот, стресот и желбата за шеќер. Многу наши клиенти пријавија намалена тежина уште само после првиот месец од пирсањето.

 

👉ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН И РЕШЕТЕ СЕ ОД СТРЕСОТ!


ПИРС ЗА АЛЕРГИЈА/ПИРС ЗА СИНУСНИ БОЛКИ

Се верува дека нежната и постојана стимулација со пирсинг може да го активира вулвусниот (vagus) нерв и други рецепторни патишта поврзани со воспаление, дишење и алергиски реакции. Најчесто тоа е вертикален хеликс. Сепак точното место го одредува пирсерот. Многу клиенти пријавуваат: полесно дишење, помалку кивање и насобраност во носот, подобро справување со сезонски алергии, намалена потреба за антихистамини. Синусни болки можат да се улажат исто така со овој пирс но честа појава е и реакција на Шен Мен.

 

👉ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН И ДИШЕТЕ СЛОБОДНО

 

ПИРС ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МЕНСТРУАЛНИ БОЛКИ

Зошто вие имате многу силни менструални болки а вашата пријателка не? Кај некои жени нервите во карлицата се повеќе чувствителни, па и мали контракции може да ги чувствуваат интензивно. Исто така некои жени создаваат поголема количина простагландини кои ја стегаат матката посилно, создаваат спазми и ја намалуваат циркулацијата и предизикуваат гадење и дијареја. Со поставување на пирс на акупресурна точка на увото се ослободува ендорфин, кој поттикнува лачење на природни аналгетици кои ја намалуваат болката. Тие точки испраќаат сигнали до нервниот систем со што се намалуваат спазмите на матката и карличната мускулатура, се подобрува циркулацијата што значи помалку грчеви и воспаление. Нашите клиентки велат дека деновите во циклус  по поставување на пирсингот ги поминуваат неприметно и побрзо, а други се само благи болки но сосема издржливи кои не пречат во извршување на секојдневни обврски.

 

ПРОЧИТАЈТЕ ИСКУСТВА ОД НАШИ КЛИЕНТИ ПО ПОСТАВУВАЊЕ НА ПИРСИНГ:

📌 ВАЖНО!

Терапевтскиот пирсинг не е замена за лекарски третман. Секогаш консултирај се со здравствен професионалец. Овие ефекти се базирани на акупунктурни принципи и лично искуство – не постои гаранција дека ќе делуваат исто кај секого.

 

ГТЦ- 1 КАТ

Кеј 13 Ноември, СКОПЈЕ

Работно време

Понеделник - Петок10:00 - 20:00Сабота10:00 - 18:00

Контакт

+389 76400008[email protected]

Copyright © 2025 BlingBling. Сите права задржани.